ВИДЕО: Повторно проблеми со Циципас, сега успеа да го изнервира Фоњини

2 mins read

Третиот тенисер на АТП ранг-листата, Стефанос Циципас со пресврт славеше над Фабио Фоњини и се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс.
Циципас славеше со 2:6,6:3,6:4, но мечот ќе остане запомнет по новиот инцидент на грчкиот тенисер.

Фоњини му се пожали на главниот судија дека Циципас добивал совети од неговиот татко кој беше на трибините.

„Ова е меч на двајца против еден“, се пожали Фоњини, но судијата му одговори дека тоа е поддршка од трибините и не се совети.
На крајот од мечот, Италијанецот не издржа и му приговори нешто на Циципас.

Стефанос Циципас речиси цела година е мета на критики од неговите колеги поради неколку причини, а највеќе им оди на нерви тоа што Гркот прави чести прекини и оди во тоалет кога губи.

Енди Мареј кој го заврши настапот на Индијан Велс по поразот од Александер Зверев во два сета (6:4,7:6), за време на УС Опен го критикуваше Циципас дека намерно оди во тоалет. Британецот дури потоа и се шегуваше на социјални мрежи пишувајќи дека на Циципас му е потребно повеќе време за да оди во тоалет отколку на Џеф Безос да оди во вселената и да се врати назад.
На крајот, реагираше и АТП кој најави промена на правилата за одење во тоалет и за медицински тајм-аут.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: Не е ништо страшно, обичен брис се зема – да видиме дали ќе откриеме асимптоматски деца

Следно

ВИДЕО: Со солзавец и шок бомби косовската полиција изврши рација во Северна Митровица, граѓаните блокираат улици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian