Ужас! Светска рекордерка избодена до смрт, неодамна учествуваше на Игрите во Токио

1 min read

Кениската атлетичарка Агнес Тироп го урна рекордот на 10.000 илјади метри во текот на изминатиот месец.

Страшни вести ни доаѓаат од Кенија! Тамошната атлетичарка Агнес Тироп, која пред два месеци се натпреваруваше на Олимписките игри, пронајдена е мртва во својот дом со убодна рака на стомакот.

Тироп е практично атлетска ѕвезда на 5.000 метри и беше една фаворитките за медал во Токио, но на крајот трката ја заврши како четвртопласирана.

Своевремено освои бронза на СП 2017 и 2019 година, додека во 2015 дојде до златен медал на СП во крос.

Ова е веќе втора смрт на кениските крос натпреварувачи откако неодамна мртов во својата куќа беше пронајден и трикратен светски шампион во оваа дисциплина Хосеа Мвок Мачаринјанг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Холандски научници работат на ласерска вакцина, безболна и без игла

Следно

Македонските алпинисти се простија од загинатите колеги Зоран и Драган: Мајсторски беше еден од столбовите на македонскиот алпинизам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian