Саудискиот принц не жали пари, нуди милијарда евра за да го купи и Интер

1 min read

По купувањето на Њукасл за околу 350 милиони евра, Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) кој е под директна надлежност на принцот Мохамед бин Салман е подготвен да плати дури милијарда евра за купување на Интер.

Преговорите помеѓу ПИФ и кинеската компанија Сунинг која е сопственик на Интер започнаа уште минатата година, но беа стопирани во април годинава кога во јавноста се појави веста за формирањето на европската Суперлига.

Сега преговорите се обновени и првиот состанок е одржан за време на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Реал Мадрид кој се играше на 15 септември.

Тогаш била доставена понудата тешка милијарда евра од страна на Саудискиот инвестициски фонд, и семејството Жанг кои се сопственици на компанијата Сунинг, се во искушение да ја прифатат бидејќи финансиската ситуација во Интер не е најдобра.

Токму поради финансиски проблеми, Интер во летниот преоден рок мораше да ги продаде Ромелу Лукаку во Челси и Ашраф Хакими во ПСЖ за 180 милиони евра. Исто така, Интер подигна кредит од 275 милиони евра со рок на отплата од три години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Дрвокрадците на Скопска Црна Гора „работат“ 24/7: Ноќе брмчат пилите, дење камионите со украдени дрва

Следно

Брнабиќ: Ги повикувам НАТО и КФОР итно да реагираат на актуелната ситуација во Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian