Прв пораз на Вардар во ЛШ, Монпелје сурово ги казни грешките на „црвено-црните“

4 mins read

Ракометарите на Вардар го доживеаја првиот пораз во Лигата на шампионите откако во четвртото коло од групата А загубија од Монпелје со 25:31 и тоа во СЦ „Јане Сандански“.

Со овој пораз беше прекината серијата од два триумфи по ред во ЛШ над Мешков Брест и Алборг, додека францускиот тим по триумфот над Кил дојде до втората победа сезонава.

Пред почетокот на натпреварот уште еднаш и беше оддадена почит на Јулија Николиќ која вчера ненадејно почина ос срцев удар.

Пред натреварот и беше оддадена почит на трагично загинатата Јулија Николиќ со едноминутно молчење/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардарци не го започнаа натпреварот во посакуваниот ритам, во првите напади „црвено-црните“ направија неколку технички и имаа нереализирани шутеви преку Кудуз и Кевин Њокас, по што дури во четвртата минута го постигнаа првиот гол токму преку Њокас. Веднаш во следниот напад Вардар со голот на Гаџа дојде до израмнување (2:2).

Вардар го постигна првиот гол преку Кевин Њокас/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Но, ракометарите на Монпелје возвратија со два брзи гола на Жулен Бос 2:4 во осмата минута и до крајот на првиот дел, не ја испуштија предноста.

Остатокот од првото полувреме, помина во обидите на вардарци да ја анулираат негативата која се движеше од еден до три гола. Неколку минти се играше гол за гол, се до 23. минута кога Монпелје со головите на Вилемино и Порт поведе со 9:12.

Ракометарите на Вардар во првото полуврмее постојано ја бркаа предноста на противникот/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во финишот од првиот дел, во 28 минута Ристовски го одбрани пеналот на Вилемино, но Жереми Тото не беше прецизен во нападот по што Паниќ ја смести топката во празниот гол на Вардар. Во следниот напад Оливие Њокас не беше прецизен, а Порт на идентичен начин зголеми на 11:15, резултат со кој заврши првото полувреме.

Лош почеток имаа и голманите на Вардар, Борко Ристовски и Мартин Томовски кои дури во 15 минутаа ја имаа првата одбрана, а во целото прво полувреме имаа само три одбрани и тоа на Ристовски. Најрасположен за игра во првиот дел кај Вардар беше Тимур Дибиров со три постигнати голови, додека кај Монпелје Жулен Бос постигна четири гола.

Тимур Дибиров беше најдобар во редовите на Вардар/фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Црвено-црните“ одлично го започнаа второто полувреме, ги реализираа првите два напади, а благодарение на одбраната на Ристовски намалија на 13:16. Но, одговорот на Монпелје беше идентичен, со мини серија од два гола поведе со 13:18. Во 34. минута беше исклучен на две минути Батил, а во следната минута исклучен беше и Вилиниус, но вардарци не ја искористија предноста да анулираат дел од негантивата и во 38 минута беше 16:21.

Монпелје на крајот заслужено славеше против Вардар/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Монпелје успеаја да се одбранат од налетите на вардарци и ред се благодарение на одличниот голман Бонефои дури и ја зголемија предноста, во 50. минута беше 20:27 по што единствена непознаница до крајот на натпреварот беше само конечниот резултат кој изнесуваше 25:31.

Прв пораз за Вујовиќ во Лигата на шампионите оваа сезона/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Најраспложен за игра во Вардар беше Тимур Дибиров со седум постигнати голови, Жереми Тото даде шест гола, додека кај Монпелје освен голманот Бонефои кој имаше 12 одбрани, се истакаа и Жулен Бос и Вилемино со по седум постигнати голови.

Наредниот предизвик за Вардар во Лигата на шампионите ќе биде идната среда со гостувањето кај Алборг.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Мицкоски: СДСМ нема програма, влече очајнички потези

Следно

ФОТО | Каков татко, таков син: Сања Николиќ сподели прекрасни фотографии од Слаткар и малиот Моша

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian