Почина легендарниот кошаркар на Партизан и на репрезентацијата на СФР Југославија, Драгутин Чермак

1 min read

Легендарниот кошаркар на Партизан и на репрезентацијата на поранешна СФР Југославија, Драгутин Черман почина во Белград на својот 77. роденден.

Чермак е член на славната генерација на репрезентацијата на СФР Југославија која во 1970 година триумфираа на Светското првенство кое се одржа токму во Југославија.

Драгутин Чермак кариерата ја започна во Раднички Белград од каде во 1969 година се пресели во Партизан каде беше еден од најдобрите кошаркари се до 1973 година. Тој беше дел од генерацијата која ја предводеа Дражен Далипагиќ и Драган Кичановиќ.

Потоа кариерата ја продолжи во холандски Донар и Лиеж, за на крајот да се врати во Раднички.
Како тренер, Драгутин Чермак од 1980 година работеше во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Франција, Јордан и Алжир.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски-Лаудер: Холокаустот не смее да се заборави и да се негира

Следно

Борел повика на итен прекин на насилствата на северот од Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian