Перез и Рајола конечно ќе соработуваат, Погба доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“?

1 min read

Претседателот на Реал Мадрид, Флоретино Перез изминатите години одбиваше да соработува со Мино Рајола кој се грижи за кариерите на некои од најдобрите играчи на светот, но сега е подготвен да седне на маса со котроверзниот агент.

Како што пренесуваат медиумите блиски до Реал Мадрид, „Ас“ и „Марка“, Рајола сака да го извлече Пол Погба од Манчестер јунајтед, а Перез во тоа гледа идеална можност да го донесе Французинот на „Сантијаго Бернабеу“.

Ас“ пишува дека сумата која ја бара Погба, 15 милиони евра годишно, нема да претставува проблем за Перез кој во францускиот репрезентативец ја гледа идеалната замена за Лука Модриќ.

Но, во исто време Перез не сака да ги расипува односите со управата на Манчестер јунајтед и чека Погба да го направи првиот чекор, односно во јавност да каже дека сака да си оди.

Весникот „Ас“ исто така пишува дека и Мино Рајола е подготвен на отстапки, односно би барал помала провизија од Перез бидејќи смета дека со тоа би се овозможило и во иднина да соработуваат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УБ | Арсовски: Кампањите се здодевни оти сѐ уште немаме основни работи по општините

Следно

Од древните „љубовни напивки“ до денешната прехранбена индустрија – човекот го интересираат афродизијаците илјадници години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian