Педри останува во Барселона, откупната клаузула изнесува неверојатни милијарда евра отштета

1 min read

Барселона денеска се договори со Педри за продолжување на договорот. Според новинарот Фабио Романо, Барселона денеска уште ги заврши преговорите со Педри кој се согласи да потпише нов петгодишен договор.

Се очекува во наредните денови, Педри и официјално да стави потпис на новиот договор со кој ќе се обврзе да остане на „Камп Ноу“ до јуни 2026 година.
Покрај поголемата плата која засега не се објавува, во договорот е вметната и откупна клаузула која изнесува неверојатни милијарди евра.

Педри во Барселона пристигна минатата сезона од Лас Палмас и успеа да се избори за место во првиот тим, а иднината на „Камп Ноу“ си ја зацементира не само со добрите игри за клупски план, туку и со одличниот настап на Европското првенство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Царовска на Дигитален самит на Западен Балкан: Само со современо и квалитетно образование можеме да постигнеме дигитална трансформација

Следно

Брегу: Граѓаните од Западен Балкан треба да добијат дигитален идентитет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian