Македонските надежи ја декласираа Андора, се чека расплетот на останатите групи

1 min read

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Корк, Република Ирска.

Денеска во последното трето коло ја совладавме селекцијата на Андора со 6:0 и со четири бодови ги завршивме натпреварите во група со Полска, Република Ирска и Андора. Официјално сме третопласирани на табелата, зад Полјаците, односно Ирците кои денеска одиграа 2:2.

Првите две репрезентации одат директно во следната елитна фаза од квалификациите, додека пак ние како трети ќе мора да го почекаме расплетот на останатите групи за да биде во целост комплетиран првиот квалификациски круг.

Најдобрите четири третопласирани селекции, одат во следната фаза, а засега ние сме на второто место на таа мини табела зад Босна и Херцеговина. Официјално за тоа дали нашата селекција успеала да обезбеди место во Елитната фаза, ќе дознамеме некаде околу средината на месец ноември.

Македонската репрезентација до 17 години целосно доминираше на мечот против Андора. По два голови запишаа Назифи и Стојанов, еден беше дело на Ѓоргиевски од пенал, а автогол си постигна Акоста.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тензијата за истрагата на експлозијата во Бејрут го доведе Либан во нова криза

Следно

Казни за сите што пиратски споделиле линк од филмот „Тома“: Едно лице е веќе уапсено

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian