Групата Бастион во напис на „The Guardian“ за екс-ју електро-поп сцената од 80-тите

3 mins read

„Беше смешно. Беше фантастично“ вели насловот на написот посветен на екс-ју музиката која нам ни е сè уште многу блиска. И, за оние кои ја доживеаја од прва рака, воопшто не е далеку од вистината. „The Guardian“ ја прераскажа приказната за електро-поп сцената на Југославија во напис кој го спомнуваше и името на нашата група Бастион.

Предвоените години во Југославија важеа за креативен „бум“ во уметноста, но пред сè за музиката и музичките бранови и жанрови. Особено е карактеристично што, иако се живееше во техничка лимитираност, тоа не спречи да се изроди одлична музика. Меѓу другото, се создаде и интересен и карактеристичен електро-поп во „очигледна социјалистичка утопија“, како што ќе ја нарече Тамлин Мажѝ во написот во „The Guardian“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bastion (@bastionbandofficial)

Меѓу имињата на бендови вредни за спомнување во овој текст на реномираниот медиум се најде и нашата легендарна Бастион.

Написот вибрантно ја опишува атмосферата во 70-тите и 80-тите години од минатиот век во Југославија, спомнувајќи ги првиот клуб во Белград на диџејот Бобан Петровиќ, групите Хаустор и Боа од Загреб, Електрични Оргазам и Идоли од Белград, и Видеосекс од Љубљана, „Југословенскиот Мишел-Жар“ Миха Краљ, како и легендарните парчиња електронска музичка опрема 808 и Роланд-4.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bastion (@bastionbandofficial)

„Во меѓувреме, во Скопје, Македонија, друга 808-ица во Југославија беше во сопственост на Кирил Џајковски, кој го оформи Бастион со пејачката Ана Костовска, текстописецот Милчо Манчевски, и Љубомир Стојсављевиќ на бас. Групата преживеа едвај многу малку, но нивното влијание силно се почувствува: Флора Питроло, кој го ре-издадеалбумот на Бастион од 1984 година под закрила на нејзината „ACC Records“ во 2018 година, го нарекува албумот „еклектичен, експерт синт-вејв – љубопитен жанр, но базиран на светла, гламурозна поп сензибилност“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bastion (@bastionbandofficial)

Гардијан раскажува како сè уште во средно школо и со помош на неговите родители, Џајковски, кој денес е реномиран композитор на електронска музика кој живее во Скопје по некое време во Австралија, набавил еден синт, една драм-машина и еден рекордер со четири касети.

„Тоа беше сè што имав со кое можев да работам. Но еј, погодете што: тие беа класични парчиња опрема – го имав 808 и Јупитер-4 Роланд синт. Немав секвенцери, па сè се свиреше во живо на касета кога снимавме. Луѓето се збунуваат – Југославија никгоаш не беше дел од Источниот Блок. Креативно, тоа беше многу фин период. Во моите спомени, тие не беа венчани со политика или нешто такво“ , вели Џајковски за „The Guardian“,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bastion (@bastionbandofficial)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брегу: Граѓаните од Западен Балкан треба да добијат дигитален идентитет

Следно

Тензијата за истрагата на експлозијата во Бејрут го доведе Либан во нова криза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian