Филипче: Не е ништо страшно, обичен брис се зема – да видиме дали ќе откриеме асимптоматски деца

2 mins read

Министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш апелираше до родителите да одговорат позитивно на писменото барање од МОН нивните деца да учествуваат во скринигот на учениците низ училиштата во земјава.

-Од утре ќе биде испратено писмено барање до родителите, а од другата недела ќе почнеме со скринингот. Не е ништо страшно, обичен брис се зема, за да видиме дали ќе откриеме асимптоматски носители на вирусот. Во моментов нема заболени и хоспитализирани деца, освен 10 до 15 деца згрижени само во болницата Козле. Засега немаме податоци за трансмисија во училиштата, рече министерот Филипче на денешната прес конференција.

Запрашан за тоа дали има универзален протокол за лекување на ковид-19, нагласи дека станува збор за сериозна болест  која кај различни граѓани се манифестира со различна клиничка слика, па оттаму и зависно од хроничните болести на пациентите, се преминува кон лекување со посебни протоколи според манифестацијата на болеста. Оттаму, рече Филипче, многу е важна консултацијата со матичен лекар и потоа и со лекар специјалист, преходно зборувајќи и за случајот со лекарот „фантом“ кој во домашни услови лекувал пациентка која потоа починала во болница.

-За случајот со лекарот фантом, дознал лекар од ГОБ „8 Септември“ кога пациентката била таму примена во тешка состојба. Известено е МВР и се постапува по случајот. Ексклузивно право за лекување во домашни услови на пациенти има само матичниот лекар, нагласи министерот.

Тој рече дека се намалува бројот на новодијагностицирани случаи, па оттаму не се чекаат термини за терстирање.

-Имаме по 300-350 новодијагностицирани случаи и може да се тестираат во центрите за јавно здравје било кога, рече Филипче.

Министерот нагласи дека вакцинацијата дава ефекти, и нема зафатеност на болничките капацитети каде има поголем процентот на вакцинација, како на пример во Кавадарци каде 60 проценти од населението е вакцинирано. Презафатеност на капацитетите има само во градовите со низок опфат на вакцинација, дециден е министерот и додаде дека не очекува следниот бран да направи силен притисок кон болниците.

Наскоро, според новите мерки на Комисијата за заразни болести во затворените објекти ќе може да влегуваат само лицата вакцинирани со две дози од достапните вакцини, како дел од новите рестриктивни мерки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од древните „љубовни напивки“ до денешната прехранбена индустрија – човекот го интересираат афродизијаците илјадници години

Следно

ВИДЕО: Повторно проблеми со Циципас, сега успеа да го изнервира Фоњини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian