БИБЛ: Прв балкански триумф за Навико ФМП Академија

2 mins read

На премиерата од новото 14 по ред издание на БИБЛ лигата, денеска македонските екипи на Куманово 2009 и на Навико ФМП Академија одиграа релативно израмнет натпревар во кој на крајот, триумфираше Навико ФМП Академија со 59:63.

Во првата четвртина, домашната екипа некако дојде до „вишок“ од четири поени (20:16), а по доста неефикасната втора четгвртина, разликата беше уште пониска. Кумановци водеа со минимални (31:29). Колку беше изедначено во тие први 20 минути, говори бројот на скоковите (на двете страни по 22), и неефикасно, двете екипи шутираа со едвај преку 20% за три поени.

Во исто темпо се одвиваа работите и во продолжението на натпреварот. Двете екипи имаа сериозни проблеми со реализацијата. Тешко се постигнуваа поени на двете страни. Промената беше само водството на гостите од Скопје, кои во 26. минута имаа четири поени вишок, (43:39). До крајот на третата четвртина, Темелковски беше првиот кошаркар кој ја надмина границата од најмалку десет поени во гостинската, а Џозеф на спротивната страна од теренот.

Водството остана за гостите (47:44). Но, со серијата од осум поени, кумановци направија промена на водството. Поведоа со (52:47) по само 90 секунди. Не за долго, новата промена се случи во 35.минута, кога по тројката на Крстајиќ, ФМП одновно поведе, сега со (58:57). Нерешено, (59:59) беше на 01:21 минута до крајот на овој израмнет меч во Куманово.

Во финалната минута, Лука Стојановски погоди две од четири слободно фрлања, за (61:59) во корист на екипата од Кисела Вода. И остави 20 секунди за конечно решение. По тајм-аутот, Зивчевиќ ја загуби топката, а тој подарок, на шест секунди пред крајот, од линијата за слободни фрлања го казни Крстајиќ, и на својот тим му ја донесе првата балканска победа во деби настапот во ова натпреварување.

Кај стрелците во победничките редови Темелковски реализираше 14 поени, а на спротивната страна еден помалку запиша Холмс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денес сите се одлучни, ВМРО-ДПМНЕ завршува со лавовите, биковите и шмизлите

Следно

Охриѓанка од Алјаска: Наша медицинска сестра во единствената болница со критичен пристап над арктичкиот круг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian