АБА2 лига: Пелистер издржа скоро едно полувреме против Ловќен Цетиње

1 min read

Денеска во својот прв настап од првиот „балон“ во Златибор екипата на Пелистер загуби убедливо од Ловќен Цетиње со резултат 108:85.

Скоро едно добро полувреме имаше битолскиот клуб против Црногорците, во одредени моменти од првите две четвртини доаѓаше и до предност.

Позитивата највисоко достигнуваше само до „плус два“ (11:13, 30:32), држеше егал до 43:39 кога водеа ривалите, а потоа како да „застана“ македонскиот претставник.

При негатива од 46:42, противникот направија серија која продолжи и во вториот дел од вкупно 23:2, што се покажа како клучна за крајниот епилог.

Ловќен постепено само ја зголемуваше разликата, пред крајот на третата делница имаше и дури „плус 30“ на семафорот (83:53).

Во редовите на Пелистер доминираше Србинот Малешевиќ со 21 поен, а на спротивната страна Швеѓанецот Клеренс запиша 20 коша.

МЗТ Скопје со успешен старт на првиот „балон“ во АБА2 лигата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Над 500 сопственици на дивоградби во Националниот парк Галичица побарале да им се легализираат

Следно

Вучиќ: Пред нас е тежок период

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian