Возило излета од коловоз, повредени неколку лица

1 min read

На 12.10.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во близина на крстосницата со ул.„Македонска Косовска бригада“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(47) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Е.А.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Е.И.(25) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дали кокосовото масло е добро за вашата кожа?

Следно

Макрон го започна инвестицискиот план „Франција 2030“ од 30 милијарди евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian