Во Хрватска покрената истрага против полицајци кои тепаа мигранти

1 min read

Хрватското државно обвинителство нареди истрага против  полицајци, поради сомневање за сторено кривично дело нечовечко и сурово постапување, а на тројцата сторители им се заканува затворска казна до 10 години, пишува денеска загрепски „Јутарњи лист”.

– Окружното државно обвинителство во Карловац побара истрага откако снимките беа објавени во емисијата „Потрага” на хрватската РТЛ, рече окружниот државен обвинител Вера Магдиќ-Бижановиќ.
Се наведува дека станува збор за кривично дело малтретирање и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, за што е предвидена затворска казна до 10 години.
Припадник на полицијата ги надгледува мигрантите / Мигрантски камп Липа /  AFP / Profimedia

Властите соопштија дека тројца припадници на специјалната полициска единица тепаат мигранти, поради што тие се суспендирани и против нив е поведена дисциплинска постапка

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голема трагедија: Почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Николиќ

Следно

Дали кокосовото масло е добро за вашата кожа?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian