На денешната неформална седница во Словенија, министрите за здравство на ЕУ разговараа за изградба на отпорна здравствена унија во ЕУ, со цел Унијата да одговори на идните здравствени предизвици, а еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес информираше за моменталната состојба на пандемија ковид-19.
Европската стратегија за набавка на вакцини и вакцинација овозможи невиден успех, при што соработката на членовите и солидарноста се клучни, рече еврокомесарката по состанокот, пренесува ЕУњуз.
„Потребен е поголем процент на вакцинација, насекаде. Покажавме соработка и солидарност, што се покажа како клучно и се исплатеше, рече Киријакидес.

ЕУ ќе донира 500 милиони дози вакцина
За да се осигура дека стратегијата за вакцинирање и контрола на пандемијата, како и враќањето во нормалниот живот на глобално ниво, потребна е солидарност, така што на денешниот неформален состанок на министрите за здравство беше дадено јасно ветување дека ЕУ ќе донира 500 милиони дози вакцина на земјите кои не се членки на ЕУ, до средината на следната година.
„Солидарноста се исплаќа и ниедна доза не смее да пропадне. Вакцинацијата нуди најдобра заштита од инфекција, загуба на живот и долгорочни последици од болеста, тоа е најдобриот начин да се стави крај на пандемијата и да се врати во нормален живот“, рече Киријакидес.