Во чест на новинарот Мирослав Лазански наречено новото возило на српската војска

1 min read

Денеска пред српската јавност беше претставено новото мултифункционално возило на српската војска, кое го доби името по починатиот воен коментатор и амбасадор на Србија во Русија Мирослав Лазански
.
Возилото беше прикажано на 10 -тиот Меѓународен саем за оружје и воена опрема „Партнер 2021“ на саемот кој се одржува во Белград.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, официјално го отвори Меѓународниот саем за оружје и воена опрема „Партнер 2021“ и беше информиран за карактеристиките на новото возило на српската армија. Тој го обиколи саемот и воената опрема што беше изложена таму, а му се придружија синот и сопругата на неодамна починатиот Лазански.

Foto: Printskrin, Instagram

 

На борбеното возило е ставен и потписот на Мирослав Лазански

Возилото „Лазански“, по изглед и функции, спаѓа во кругот на борбени возила со погон на осум тркала. Може да собере до 13 седишта.

Foto: Printskrin, Instagram/avucic

Инаку , Мирослав Лазански, по кого е наречено новото оклопно возило, почина во август на 71 -годишна возраст. Тој беше новинар, воено-политички коментатор, аналитичар, писател и дипломат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО I Поминаa точно 25 години од ремек-делото на Роналдо: Неверојатниот слалом и гол кој вечно ќе се памети

Следно

Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе станат родители? Пејачот се огласи за гласините

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian