ВИДЕО | Радуловиќ: Беше доста динамично, имавме контрола во сите 40 минути

1 min read

Со цврста и пред сè паметна игра, дополнета со голема борбеност и огромно срце, МЗТ Скопје Аеродром денеска на стартот од АБА2 лигата, го совлада српскиот Младост Максбет (97:90), кој важи за најголем фаворит за освојување на првото место и за пласман во јадранската елита.

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ е задоволен што неговите играчи започнаа триумфално во Златибор.

– Среќен сум, многу ми е драго што со победа го отвораме турнирот против една екипа како што е Младост која што ќе биде една од најголемите противници на турнирите во АБА2.

Очекував еден ваков физички меч, доста активен и динамичен, им кажав на моите играчи и тоа мислам дека го оправдавме, имавме контрола во сите 40 минути.

Играчите го дадоа максимумот, беа борбени, имавме одредени пропусти кои ќе се обидеме да ги санираме како што екипата ќе се воигрува, но задоволен сум на крајот. Гледам дека имаме доста брзи поени во нападите, со квалитетни офанзивни скокови. Веќе се фокусираме на вториот дуел против Рогашка и одиме на победа – рече Радуловиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев за инцидентот со Левица во Прилеп: Ако имале четири отсто рејтинг, сега имаат два отсто

Следно

ФОТО | Пасија кон егзотичните миленици: Дарио и Никола чуваат околу 200 тарантули и необични животинки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian