Актуелниот шампион во Евролигата од минатата сезона Анадолу Ефес има лош старт годинава со три максимални порази.
Во рамките од третото коло загубија Турците и од екипата на Лион-Вилбербан со резултат 75:73.
За Французите најефикасен беше Американецот Џонс со 16 поени, а на спротивната страна Србинот Мициќ доминираше со 24 поени.
Освен Лион, и Олимпиа Милано дојде до третата победа остварена пред своите навивачи против Макаби Тел Авив (83:72).
За Италијанците доминораше американскиот интернационалец Хол со 17 поени, а два коша помалку забележа неговиот сонародник Вилијамс во редовире на изралскиот тим.
И во другите мечеви славеа домаќините: Уникс Казан – Баерн 73:70, ЦСКА Москва – Зенит Петерсбург 77:67, Алба Берлин – Фенербахче 84:70 и Баскониа – Панатинаикос 81:79.