ВИДЕО: Навивач исфрлен од Индијан Велс, го провоцираше Руд

1 min read

Во Индијан Велс во САД моментно се одржува „петтиот грен слем“ каде во фокусот во Данил Медведев и неговиот обид да го помине Новак Ѓоковиќ на АТП ранг-листата.

Медведев без поголеми проблеми со 6:2,7:6 го совлада Филип Крајиновиќ во третото коло и дојде на само четири победи од првото место на ранг-листата.
Сепак, во текот денот главна вест не беше рускиот тенисер, туку случувањата на мечот помеѓу Каспер Руд и Лоод Херис. Норвешкиот тенисер збесна среде мечот и бараше од судијата да отстрани еден навивач од трибините.

Имено, додека Руд се подготвуваше да сервира, по кој знае кој пат слушна еден навивач како коментира, по што побара од редарите да го исфрлат несовесниот гледач од трибините.

– Како што се случува? Постојано ме провоцира – објасни Руд, а судијата се согласи со неговото барање.

Навивачот прво негодуваше поради ваквата одлука па почна да ги фотографира редарите, но по негодувањето на публиката ги напушти трибините.
Паузата му помогна на Руд да слави и тоа со пресврт над Херис со 6:7,6:4,6:4.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УБ | Поповски: На Македонија не и треба движењето на неврзаните

Следно

Испитајте ги ризичните фактори: Овие три симптоми откриваат дали имате затнати артерии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian