ВИДЕО I Поминаa точно 25 години од ремек-делото на Роналдо: Неверојатниот слалом и гол кој вечно ќе се памети

1 min read

Пред точно 25 години беше постигнат гол кој одбележа една ера, гол кој не беше премногу важен од натпреварувачки аспект, но ќе се памети засекогаш.

На 12 октомври 1996 година, Луис Назарио да Лима Роналдо го постигна еден од најубавите голови во историјата на фудбалот, гол на силата, на спринтот и на знаењето во 47 метри.

Голот ќе остане и запомнет и по реакцијата на тренерот на Барселона, Боби Робсон кој во неверица се фати за главата, не можеше да поверува што се случи, исто како и навивачите на стадионот во Компостела.

На натреварот против Компостела, Роналдо за 10 секунди, направи слалом од 48 метри, додека педантните статистичари пресметаа дека за тоа му беа потребни 34 чекори и 16 допири со топката.

– Ја добив топката на средината од теренот. Приметив како веднаш до мене дојдоа неколку играчи, но јас продолжив да трчам. Видов како целата одбрана отиде напред и влегов во просторот помеѓу двајца играчи. Кога излегов од дриблингот, видов дека можам да шутирам и тоа беше тоа – го опиша голот Роналдо по натпреварот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Костадинов: Стојам зад започнатиот процес за урбанизација на локацијата „Касарна”

Следно

Во чест на новинарот Мирослав Лазански наречено новото возило на српската војска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian