Во својот четврти настап во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2023 година, македонската репрезентација за играчи до 21 година забележа триумф на гостувањето кај Ерменија со 1:2.
Ова е прва победа за избраниците на селекторот Драги Канатларовски во овој квалификациски циклус во рамките од групата „Х“.
Првиот гол го постигна Ѓорѓевски во 25 минута после изведениот слободен удар од страна на Антовски.
Само што влезе во игра како замена за Рустемоски, Максимов кој беше убаво пронајден од Станковски стрелаше во домашната мрежа за зголемување на предноста.
До крајот на мечот ерменските надежи успеаја само да го ублажат својот пораз преку Григорјан (90`).
Моментно сме третопласирани со пет бодови, денеска во истата група треба да се одиграат уште два меча Украина – Фарски Острови и Србија – Франција.