Шилегов: И во наредните четири години ќе продолжиме со субвенциите за инвертер клима уреди

1 min read

Животната средина и чистиот воздух се придобивки за сите нас. Затоа, покрај останатите мерки за намалување на загадувањето на воздухот кои ги воведовме, во наредните четири години ќе продолжиме и со субвенциите за инвертер клима уреди, порача актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат на СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на вчерашните митинзи во Карпош и Центар.

Тоа, како што кажа, ќе значи помалку чад од оџаците, еколошко затоплување на домовите и преземање конкретни чекори за заштита на животната средина.

-Замената на печките за греење со инвертери се смета за еден од најуспешните методи во борбата против аерозагадувањето, бидејќи долгорочно, Градот изгаси 8.000 оџаци во Скопје, префрлувајќи исто толку домаќинства да се греат од дрва/јаглен/нафта на чиста електрична енергија, рече Шилегов пред присутните.

Според него, оваа мерка за намалување на загадувањето на воздухот ќе продолжи во наредните четири години со еден милион евра на годишно ниво за да може да се заменат од 1.000 до 2.000 печки со инвертер клима уреди.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талибанците ја повикаа меѓународната заедница за соработка

Следно

Дибала и официјално стана најплатен фудбалер на Јувентус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian