Руската вакцина Спутник В заглави на одобрување во СЗО

1 min read

Руската вакцина Спутник В иако на широко се употребува во светот се уште не ја доби проценката од Светската здравствена организација, според постапката за итни случаи туку соопшти дека одлуката ќе ја објави кога ќе се соберат сите податоци, пишува ТАСС.

„Секоја вакцина за која се докаже дека е безбедна, ефикасна и со гарантиран квалитет, а од друга страна ги исполнува поставените барања за итна постапка, ќе биде одобрена“, се вели во соопштението.

По разговорите со генералниот директор на СЗО д-р Теодрос Адхан Гебреисус во Женева на 1 октомври, рускиот министер за здравство Михаил Мурашко рече дека се отстранети сите препреки што ја попречувале регистрацијата на вакцината Спутник В во СЗО.

Досега, за одобрување по итна процедура се препорачани седум вакцини против коронавирус според одлуката на СЗО, а уште за 13 е поднесено барање, меѓу кои е и Спутник В.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Две децении потоа кружат нови теории за убиството на Аркан, двоен играч или предавник

Следно

Заев: И на Христијан Мицкоски му е совршено јасно дека со својот реден број 7 ќе загуби по седми пат

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian