РЕЦЕПТ | Oд падините на Jакупица: Tања ни го открива еликсирот на младоста на нашите претци – Водника или овошна туршија

1 min read

Водника е еден од најстарите здрави пијалоци на нашите предци. Се прави од диво овошје односно од диви шумски плодови, ни открива Тања Благоевиќ, производителка на органски намирници, која пред десетина години го напушти Скопје за да се пресели на село под падините на Јакупица.

 

Тања Благоевиќ, производителка на органски намирници, фото – приватна архива

– Ако редовно го пиете овој здрав ферментиран напиток може да доживеете длабока и здрава старост, особено ако во оваа напивка користите диви плодови кои растат на незагадени подрачја – вели Тања.

Тања ни објаснува дека Водниката е полна со ензими, минерали и витамини и вообичаено се подготува во октомври и ноември.

– Дивите овошни бобинки што се користат се богати со витамин Ц и антиоксиданти. Ова е еден од најважните напивки во зима, бидејќи ефективно заштитува од настинки и грип. Благодарение на дивото шумско овошје, водниката е супер за зајакнување на имунитетот, вели Тања и ни го открива начинот на подготовка на овој еликсир.

Начин на подготовка:

Се собираат следниве диви шумски плодови: дренки, шипки, смреки, трнинки, диви круши (оскоруши), диви јаболки, глог…треба овошјето да биде од чисти незагадени средини.

Ќе го исчистите, измиете и се…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Растат цените на горивата, еве како тие изгледаат во регионот

Следно

Полициска акција на ГП Богородица, уапсени неколку лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian