Проблем за Барса на 12 дена пред „Ел Класико“

1 min read

Серхио Агуеро и Усман Дембеле се опоравија од повредите и им се вратија тренинзите, но сега се појави нов проблем за тренерот на каталонскиот клуб, Роналд Куман.

Еден од најдобрите играчи досега оваа сезона, Роналд Араухо доживеа повреда на тетивата на мечот помеѓу Аргентина и Уругвај.

Од Каталонија денеска стигнаа информации дека Араухо ќе мора да паузира околу две недели, а „Ел Класико“ и дербито со Реал Мадрид е на програмата за точно 12 дена.

Воедно Уругваецот ќе ги пропушти дуелите со Валенсија в недела и Динамо Киев в среда во Лигата на шампионите.

Се очекува во одбраната главен збор да водат Пике и Ерик Гарсија. Потсетување дека Барселона и Реал Мадрид ќе се соочат на 24 октомври со почеток од 16.15 часот на „Камп Ноу“.

На табелата во шпанската „Ла Лига“ води Реал со 17 бодови колку што имаат Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад на второто и третото место, а Барса е на деветтата позиција со 12.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хуманата страна на Штип: Со продажба на половна облека до лулашка за деца со инвалидски колички

Следно

Запленети над 10 килограми кокаин во Драч, скриени во контејнери со банани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian