Поплави на Филипините, девет лица загинаа при лизгање на земјиштето

1 min read

Девет лица загинаа на Филипините во свлечишта и поплави предизвикани од поројните дождови како последица на тропската бура Компасу, соопшти денеска Националната агенција за катастрофи.

– Единаесет лица се водат како исчезнати во различни несреќи во провинциите погодени од бурата, изјави Рикардо Џалад, извршен директор на Националната агенција за катастрофи.

Четири лица загинаа во три одделни свлечишта во северната провинција Бенгует, а шестмина се водат како исчезнати.

Пет лица го загубиле животот во поплавите во провинциите Кагајан и во Палаван. Уште петмина се водат како исчезнати во поплавите во Палаван и во провинција Илокос Норте, додаде Џалад.

Бурата Компасу беше проследена со ветрови со брзина од 100 километри на час и налети до 125 километри на час додека се оддалечуваше од северниот дел на Филипините, соопшти агенцијата.

Компасу ги напушти Филипините денеска и се упати кон Хаинан, Кина.

– Во следните 36 часа се предвидува дека бурата постепено ќе се засилува, но се помала е веројатноста да достигне категорија на тајфун пред да стигне на копно на кинескиот остров Хаинан, се наведува во соопштението на Националната агенција за катастрофи.

Филипинскиот архипелаг го погодуваат просечно по 20 тропски циклони секоја година.

Најсилниот тајфун што ги погоди Филипините беше Хаијан во ноември 2013 година, во кој загинаа повеќе од 6.300 луѓе, а над четири милиони беа раселени.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Флик: Сега имаме време да напредуваме до ноември 2022, едвај го чекаме Мундијалот

Следно

ДУИ против „струјата“ на Муса Џафери во Кичево: Внукот на Ахмети против фаворитот на ДУИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian