„Пајакот“ за една недела во Центар кренал 99 непрописно паркирани возила

1 min read

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 184 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 04.10. до 10.10.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 99 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 85 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Промоција на „Viola arsenica; белешки за поезија“ од Влада Урошевиќ во МКЦ

Следно

Истрагата против Курц ја намали популарноста на владеачката партија ОВП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian