Најмалку две лица загинаа при пад на авион во Калифорнија

1 min read

Најмалку две лица загинаа, а двајца се повредени откако мал авион се урна во приградска населба во јужниот дел на Калифорнија.

Се уште не е познато дали жртвите се од куќите кои беа зафатени од пожар по падот на авионот или од Цесната што се урна во предградието Санте, 30 километри североисточно од Сан Диего.

Во пожарот уништени се две куќи и повеќе возила.

Засега не е познато од каде авионот полетал ниту која му била крајна дестинација.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 12 октомври: Чекате промени кои ви се сѐ поблиску

Следно

УБ | Поповски: На Македонија не и треба движењето на неврзаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian