МЗТ Скопје со успешен старт на првиот „балон“ во АБА2 лигата

1 min read

Денеска составот на МЗТ Скопје Аеродром во првиот натпревар од првиот „балон“ кој се организира во Златибор во рамките од АБА2 лигата триумфираше против Младост Максбет со резултат 97:90.

Робев беше централна фигура во редовите на „металците“ на отворањето на новата сезона. Македонскиот репрезентативец постигна 30 поени, а одлична партија имаше и Црногорецот Милошевиќ со 20 поени (девет скокови).

На спротивната страна за српската екипа Белиќ доминираше со 23 поени (пет скокови), четири коша помалку запиша Американецот Ливингстон.

Вториот наш претставник во ова натпреварување, в среда од 15.00 часот својот прв настап ќе го има битолски Пелистер кој ќе се соочи со Ловќен.

Во второто коло МЗТ ќе ги одмери силите со Рогашка од Словенија на 15 октомври, а Пелистер ќе игра со црногорската Сутјеска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Сезона на ајвар“: Амбасадорката Брнз го подготви овој превкусен македонски специјалитет

Следно

Растат цените на горивата, еве како тие изгледаат во регионот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian