Младите фудбалери во нов обид да дојдат до првата победа во квалификациите

1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска од 16 часот во Ереван ги продолжува настапите во квалификациите за пласман на ЕП 2023 година.

Противник на избраниците на селекторот Драган Канатларовски е селекцијата на Ерменија и ова ќе претставува нова шанса за фудбалерите да дојдат до првата победа во квалификациите.

Младите фудбалери досега одиграа три натпревари на кои забележаа еден пораз од Франција (3:0) и две ремија, дома со Србија (0:0) и на гости против Фарски Острови (1:1), скор со кој се наоѓаат на последното место во групата Х со два бода, еден помалку од денешниот противник.

Селекторот Канатларовски и на овој натпревар нема да може да смета на четворица стандардни репрезентативци, Агон Елези и Енис Фазлагиќ се повредени, додека Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни корона протоколи не беа во можност да допатуваат од Австралија.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Со Бугарите се нарекуваме и браќа, а браќата си помагаат меѓу себе, не наоѓаат начини и причини како да се блокираат

Следно

Паралелно со Самитот на неврзаните, Вучиќ денес го отвори саемот на оружје „Партнер 2021″

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian