Минатата недела санкционирани 184 непрописно паркирани возила во општина Центар

1 min read

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 184 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, на територија на Општина Центар.

Како што информираат од ПОЦ во периодот од 4 до 10 октомври, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 99 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 85 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, порачуваат оттаму. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Испитајте ги ризичните фактори: Овие три симптоми откриваат дали имате затнати артерии

Следно

Талибанците ја повикаа меѓународната заедница за соработка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian