Дибала и официјално стана најплатен фудбалер на Јувентус

1 min read

Пауло Дибала постигна договор со челниците на Јувентус за продолжување на соработката со „старата дама“ до 2026 година.

Преговорите траеја неколку месеци и во еден момент изгледаше дека тие ќе пропаднат и Дибала ќе си замине од „Алијанц Арената“, но враќањето на Масимилијано Алегри на клупата влијаеше на Аргентинецот да се согласи да потпише нов договор.

Според италијанските медиуми, годишната плата на Дибала ќе изнесува 10 милиони евра плус бонуси, со што ќе стане најдоброплатен фудбалер во Јувентус.
Аргентинецот во Јувентус пристигна во 2015 година од Палерно.

Се очекува Дибала по потпишувањето на новиот договор за собори еден рекорд во Јувентус, ќе стане странец кој најдолго останал во редовите на „старата дама“. Досегашниот рекорд го држи Давид Трезеге кој одигра 245 натпревари во периодот од 2000 до 2010 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов: И во наредните четири години ќе продолжиме со субвенциите за инвертер клима уреди

Следно

Ердоган: Турција е решена да ја отстрани курдската закана од северна Сирија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian