Барселона најде начин како да дојде до потпис со Халанд, со помош на инвестициски фондови

1 min read

Ерлинг Халанд се очекува да биде главната ѕвезда во летниот преоден рок идната година бидејќи сите фудбалски гиганти се заинтересирани за напаѓачот на Борусија Дортмунд.

Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, Челси немаат проблем да ги исполнат барањата на Борусија Дортмунд како и на контроверзниот агент Мино Рајола и таткото на фудбалерот Алф-Инге Халанд.

Доколку не потпише нов договор со Борусија Дортмунд, идното лето Халанд ќе биде достапен за 75 милиони евра, сума која е мала за фудбалер од калибарот на Халанд, но идниот клуб исто така ќе мора да одвои 40-тина милиони евра провизија за Рајола и таткото на фудбалерот.

Од денеска уште еден клуб е меѓу фаворитите за потпис со Халанд идното лето, тоа е Барселона која иако има долгови од дури 1.5 милијарди евра, сепак најде начин како да се обиде да се вклучи во трката.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека неколку инвестициски фондови се заинтересирани да го финансираат трансферот на Халанд во Барселона, тие се подготвени да го платат обесштетувањето за фудбалерот, провизиите на Рајола и Анф-Инге Халанд како и платата на одличниот напаѓач.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

130 нови случаи на ковид-19, пријавени се 6 починати лица

Следно

За ладни денови, згрејте се со топла чорба од тиква

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian