Американците не сакаат го Бајден? На само само девет месеци по преземањето на функцијата гласачите покажаа неодоверба

2 mins read

По девет месеци функција Бајден губи доверба кај американците

Во серијата национални анкети спроведени минатата недела, вкупно 49,2 проценти од анкетираните гласачи не го одобруваат начинот на кој Бајден ја извршува должноста претседател, додека 44,5 му даваат подршка .

Џо Бајден заминува за Њујорк / Фото: EPA-EFE/Ken Cedeno

Аналитичарите велат дека падот на рејтингот на Бајден е особено изразен кај независните гласачи кои му помогнаа да го победи неговиот претходник Доналд Трамп минатата година.

Во јули, на шестмесечното одбележување на неговиот претседателски мандат, Бајден уживаше предност од девет проценти, но до крајот на август, анкетите покажаа дека американските гласачи се рамномерно поделени во нивните ставови за него.

Популарноста оттогаш опадна, па политичките аналитичари понудија неколку објаснувања.

Фото: EPA-EFE/OLIVER CONTRERAS / POOL

Тоа е временски период се совпаѓа со хаотичното повлекување на американската армија од Авганистан по 20 годишното воено присуство велат аналитичарите. Тие, исто така, ги наведуваат политичките тензии во Вашингтон меѓу републиканците и демократите околу зголемувањето на горната граница на долгот на државата и меѓу прогресивните и умерените демократски пратеници за големината и обемот на предложениот план на Бајден

Демократите и републиканците во Сенатот се договорија кон крајот на минатата недела за итно зголемување на лимитот на задолжување до почетокот на декември, кога прашањето ќе треба да се преиспита.

Во меѓувреме, демократите, по наредба на Бајден, се обидуваат да го намалат неговиот предлог за трошоци за социјална заштита за 3500 милијарди долари и да го усвојат заедно со двопартиските закони за инфраструктура до крајот на октомври.

 

 

 

 

 

 

Опаѓачката популарност на Бајден, според Белата куќа, е последица на пандемијата на коронавирусот Се уште се бориме со ковид -вирусот, и многу луѓе мислеа дека ќе го победиме , но се уште не успеваме, гласи ставот на Белата куќа .
Од таму додаваат дека фокусот е да се стави пандемијата под контрола и да се вратат САД на некоја верзија на нормалност“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полициска акција на ГП Богородица, уапсени неколку лица

Следно

Груевски имал амбициозни планови за Водно, сакал да гради голема барокна палата со базен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian