На железничка станица во Њујорк се случи стравичен инцидент кога една 29-годишна жена туку така турна случајна 42-годишна патничка врз воз со движење.
Видеото што го објави полицијата од Њујорк ја прикажува помладата жена како приоѓа до работ на перонот и насилно ја турка другата патничка кон возот. Насилничката мирно си заминува, а останатите патници останале во шок, пренесува Еј-би-си.
Жртвата бргу е одведена во болница каде што се утврдени повреди на лактите, нозете, колегана и зглобот.
Стравичната случка се одвивала откако еден маж турнал една жената од подвижните скали на истата железничка станица во Њујорк кога таа го замолила да помине.