ВИДЕО: Македонија останува во игра за баражот, ни треба „услуга“ од Исланд

1 min read

Македонската А репрезентација вечерва на домашен терен на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје загуби убедливо од Германија со 0:4 во осмиот натпревар од квалификациите за Светското првенство.

Романците го искористија овој наш пораз, откако на домашен терен со 1:0 славеа против Ерменија, а се одигра уште еден меч во квалификациската група „Ј“, Исланд со 4:0 славеше против Лихтенштајн.

Македонија која го претрпе само вториот пораз во овие квалификации, но и која пропушти доста бодови минатиот месец, и натаму е во игра за второто место кое води во баражот.

Германија е сигурен учесник на следното СП, а за втората позиција четири селекции се во трка. Најдобра опција за нас е Романија во следното да не триумфира (уште подобро доколку загуби) во следното коло дома со Исланд, а ние оствариме победа на гости кај Ерменија, по што повторно би биле пред Романците, и таквата евентуална предност од еден или два бода во генералниот пласман ќе мора да се задржи во последното коло.

Квалификации СП 2022
Група „Ј“

8. коло, резултати –

Македонија – Германија 0:4
Романија – Ерменија 1:0
Исланд – Лихтенштајн 4:0

Табела: Германија 21 бод, Романија 13, Македонија 12, Ерменија 12, Исланд 8, Лихтенштајн 1.

Двојки, 9. коло

11 ноември
Ерменија – Македонија
Германија – Лихтенштајн
Романија – Исланд

Двојки, последно 10 коло

14 ноември
Ерменија – Германија
Лихтенштајн – Романија
Македонија – Исланд

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски вежба за парламентарни избори: Доаѓа крај на продавањето на македонските интереси

Следно

Потресната животна приказна на пејачката на „АББА“: Родена како резултат на нацистички експеримент, жигосана со свастика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian