Активисти на политичката партија Левица го „окупираа“ меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп каде се одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание.
Имено, како што можеше да се види за време на преносот во живо, 11 партиски активисти застанаа пред споменикот и го попречија патот за државните делегации кои требаше да положат цвеќиња.
Делегациите предводени од премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски, Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други беа принудени да ги заобиколуваат активистите за да стигнат до местото каде се положува свежо цвеќе.