Џудистите на „Миоки“ со седум медали на Интернационалниот турнир во Сараево

1 min read

Македонскиот џудо клуб „Миоки“ имаше големи успеси на Интернационалниот турнир „Милош Остојиќ“ кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Џудо клубот „Миоки“ им се заблагодарува на Љубиша Мајдов, Стефан Мајдов, светскиот шампион Немања Мајдов и Тим Рандори за гостопримството.

Во натпреварување каде што имаше над 600 учесници, џудистите на „Миоки“ освоија вкупно седум медали.

Од нив едно злато во рацете на Емилија Паскоска (-32 кг) во категоријата У15.

У18

-48 Ива Богдановска второ место
-52 Азра Заими трето место

У15

-32 Емилија Паскоска прво место
-32 Хамида Друстинац второ место
-48 Ива Богдановска трето место
-48 Ханија Друстинац петто место

У-13

-28 Хамида Друстинац второ место
-42 Марко Панцевски петто место

У-11

-32 Емилија Паскоска трето место

Одлични џудо борби и најдобриот настап од Миоки Тим презентираше Ива Богдановска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Незири: Еден месец по трагедијата во Тетово, сѐ уште нема морална ни правна одговорност

Следно

ВИДЕО | Слушнете ја „Сонувам“, мало ремек-дело на Агни Авшар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian