Трикратен светски шампион во атлетика пронајден мртов

1 min read

Атлетичарот Хосеа Мвок Мачаринјанг (35), кој ја претставуваше Кенија на пет светски првенства во крос-кантри е пронајден мртов во својот дом во Мурквиџит, во саботата вечерта, информира кенискиот портал „Мваклиши“.

Некои непотврдени извештаи сугерираат дека тој можеби извршил самоубиство поради ментална болест.

Тој освои три последователни тимски титули со земјата на Светските шампионати во крос-кантри од 2006 до 2008 година.

Истиот извор пренесува дека претседателот на регионалниот сојуз на Северна Кенија, Џексон Пкемио го опиша Мвок како „тивок и посветен спортист“, кој планираше враќање после долга пауза од 2012 година.

– Почна повторно да тренира, се подготвуваше за голем кам-бек. Како претставници на кениската атлетика, ќе го паметиме по сето добро што го постигна – рече Пкемои за локалниот весник „Стандард“.

Членот на споменатото здружение, тренерот Бонифас Тирен, рече дека го запознал Мвок по долго време минатиот месец.

– Тогаш налетав на него во Итен, каде што тренираше и го прашав каде беше сите овие години. Рече дека ќе ме најде и сè ќе објасни. Многу е тажно што веќе не е жив – вели Тирен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Премиерот Заев и владината делегација се поклонија пред „Могилата на непобедените“ по повод 11 Октомври

Следно

ФОТО | Кога еднаш ќе се заљубиш во месење, нема бегање: Габи Атанасова нè учи како да си направиме питулици и мазник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian