Таа „златна“ генерација: Пет години од историскиот успех на У21 со селекторот Милевски

1 min read

На денешен ден, пред точно пет години, на 11 октомври 2016 година македонската У21 репрезентација испиша историја тогаш предводена од сегашниот селектор на сениорите, Благоја Милевски.

За првпат една наша фудбалска машка селекција се најде на големо натпреварување, во овој случај Европското првенство во Полска 2017.

Тогаш на Националната арена во Скопје со резултат 2:0 над Шкотска и благодарение на поразот на Исланд од Украина успеавме да го освоиме првото место во групата.

Голем број на талентирани и одлични играчи на тогашната генерација веќе добиваат повик и се стандардни сениорскиот состав, како Велковски, Зајков, Бејтулаи, Барди, Аврамовски, Елмас, Николов, Маркоски, Шишковски, Муслиу, Ѓорѓев, Костадинов..

Да се надеваме дека денешниот празничен ден, Денот на народното востание, повторно ќе запише нов голем успех на македонскиот репрезентативен фудбал, и повторно Милевски повторно биде во центарот на вниманието овојпат со А селекцијата во обидот да направи изненадувачки резултат против Германија во мундијалските квалификации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Последниве 24 часа починале 15 пациенти, а 111 се новозаболени

Следно

Олабавени мерки во Грција: За време на викендот спроведени 200 000 контроли во ноќните клубови и регистриран 561 прекршок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian