Сообраќајка во Скопје, тешко повредена повозрасна жена

1 min read

На 10.10.2021 во 17.10 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, управувано од О.Б.(33) од Скопје и патничко возило „форд фокус“, управувано од  Ј.Г.(41) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „форд фокус“, С.А.(71) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Ј.Г., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје. 
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

(РЕЦЕПТ) Готвиме со Теа: Вкусни пица панцероти – љубителите на домашно тесто ќе „полудат“

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Густ црн чад се надви над областа: Голем пожар во нафтен погон во јужен Либан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian