„Шкода“ го прекинува производството во Чешка поради недостиг од чипови

1 min read

Чешкиот производител на автомобили „Škoda Auto“ ќе го ограничи или целосно ќе го запре производството на автомобили во сите три фабрики во Чешка од 18 октомври до крајот на годината, поради глобалниот недостаток на чипови.

Суспендирањето на производството би можело силно да ја погоди чешката економија, бидејќи „Škoda Auto“, која е дел од групацијата „Фолксваген“, придонесува со пет проценти во чешкиот БДП, но исто така сочинува девет проценти од чешкиот извоз, пренесува „Еурактив“.

Производството претходно беше прекинато во септември за една недела од истата причина.

Недостатокот на полупроводнички чипови го зафати целиот автомобилски сектор во светот, а европските производители зависат од азиското производство, кое опаѓа поради пандемијата на коронавирус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кога еднаш ќе се заљубиш во месење, нема бегање: Габи Атанасова нè учи како да си направиме питулици и мазник

Следно

Последниве 24 часа починале 15 пациенти, а 111 се новозаболени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian