Ристевски, Димитриевски и Алиоски по 50 пат во дресот на македонската А репрезентација

1 min read

Вечерва пред стартот на натпреварот од квалификациите за пласман на Светското првенство во Скопје помеѓу Македонија и Германија, тројца наши репрезентативци слават јубилеј.

Кире Ристевски, Столе Димитриевски и Езџан Алиоски по 50 пат го носат дресот на македонската А репрезентација.

Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Муамед Сејдини им го честиташе јубилејот и им додели плакети со бројот 50 на дресовите.

Димитриевски и Алиоски се стартери на вечерашната средба, а Ристевски ќе ја чека шансата за настап од клупата.

Македонија игра важен меч против Германците во обидот да остане непоразена во трката за второто место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицковски: Народот е сѐ посиромашен, живее со 150 денари на ден

Следно

На гости во фармата за магариња Мартиниќи: Нашите магариња се светски ѕвезди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian