Путин не престана да кашла, ама вели дека е добро

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен за време на телевизиски пренос како кашла за време на состанок на владата, но тврди дека се чувствува добро и дека речиси секој ден се тестира за коронавирус.

-Не грижете се, сѐ е во ред. Ме тестираат практично секој ден, не само на ковид-19, туку и на друи инфекции, па сѐ е во ред, одговори Путин откако претседателката на горниот дом на Думата, Валентина Матвијенко изрази загриженост за неговото здравје.

Путин минатата недела наполни 69 години, а за кашлицата рече дека е виновен студот. Тој ги повика своите колеги да се вакцинираат. Минатиот месец тој беше во самоизолација откако сите членови од неговиот кабинет беа позитивни на коронавирус но Кремљ соопшти дека претседателот е сосема здрав.

Во Русија денес има 957 починати од последици на ковид, а најмногу забележани жртви на пандемијата имаше пред два дена, 968 починати лица.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Дали се сеќавате на Мишел и Ивет од „Ало, ало“? И ден-денес се блиски пријателки

Следно

ВИДЕО: Дождот присутен, теренот би требало да е подготвен за мечот Македонија – Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian