Потресната животна приказна на пејачката на „АББА“: Родена како резултат на нацистички експеримент, жигосана со свастика

3 mins read

За време на мрачната ера на Втората светска војна се раѓале разни монструозни идеи. Меѓу другото, во 1935 година бил основан и проектот „Лебенсборн“, кој претставувал еден вид „инкубатор“ на новите раси на високи, силни, руси и синооки луѓе.

Хајнрих Химлер го основал здружението „Лебенсборн“ со цел за неколку години светот да го преплави со ариевската раса. Едно од бебињата на Лебенсборн е и Фрида Лингштад.

Децата доаѓале од цела Европа – од Германија, Норвешка, Австрија, Белгија, Холандија, а требало да ги претставуваат „најдобрите примери на новосоздадената раса“ и да добијат „најдобро можно воспитување“. Во овој проект била родена Фрида Лингштад или Ани-Фрид, пејачката на култната група „АББА“, која дошла на свет како дете од врската помеѓу 19-годишната убава Норвежанка Сини и оженетиот германски офицер Алфред Хасе. Подоцна се дознало дека ова била кратка афера, а Германецот ја завел Сини давајќи ѝ неколку компири – оваа храна во тоа време била буквално луксуз.

ФОТО | „АББА“, 50 години потоа: Како женскиот дел преживеа големи трагедии, разводи, распад на групата... - Слободен печат

Фото: Wikimedia Commons

Очекувано, по распадот на Германија и падот на Хитлер, работите се искомплицирале за сѐ и сешто што имало врска со нацизмот, па Фрида и нејзината мајка биле жигосани како предавнички и подложени на ужасно отфрлање и малтретирање од општеството. Фрида била изложена на страотни притисоци. На Фрида, уште додека била дете, еден рибар од локалното село, со нож ѝ врежал свастика на кожата, која таа со мака ја отстранувала во наредните години.

Сини, парализирана од страв, емигрирала со својата мајка и двегодишната Фрида во Шведска, но набргу откако пристигнала таму, таа починала, а пејачката ја воспитувала нејзината баба. Фрида била длабоко трауматизирана поради сопственото потекло. Интересно е тоа што таа го запознала својот татко во 1977 година. Сепак, тоа било краткотрајно смирување, Фрида три децении се занимавала со фактот дека е дете на накарадниот проект „Лебенсборн“, а простувањето на нејзиниот татко кој не го познавала, било надвор од доменот на нејзините емоционални способности.

– Како да ми се врати сето она што помина. Плачев со часови потоа. Можеби би било поинаку да бев дете. Тешко е кога ќе добиеш татко, а имаш 32 години. Не можам да се поврзам со него и да го сакам онака како што би го сакала доколку растев покрај него – рекла Фрида кратко по оваа средба и наскоро ги прекинала сите контакти со својот татко, истакнувајќи дека „повеќе сака да поминува време со луѓе со кои нема контакт“.

ФОТО | „АББА“, 50 години потоа: Како женскиот дел преживеа големи трагедии, разводи, распад на групата... - Слободен печат

Фото: Профимедиа

Маките на кои била изложена Фрида, која со децении била очајна поради сопственото потекло, биле помали од повеќето други деца родени од лудата идеја за расната супериорност, а ги имало помеѓу 10.000 и 12.000.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Македонија останува во игра за баражот, ни треба „услуга“ од Исланд

Следно

Пребеган функционер ги открива мрачните тајни на Ким Џонг ун: Праќав убијци, шпиони и правев дрога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian