Последниве 24 часа починале 15 пациенти, а 111 се новозаболени

1 min read

Изминатово деноноќие направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка по 2 и по еден заразен во Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија, информира Министерството за здравство.

Во последните 24 часа починале 15 лица: 5 починати од Скопје (56, 69, 72, 75 и 91 година), по 2 починати лица од Кавадарци (64 и 84 години) и Кичево (54 и 87 години) и по едно починато лице од Велес (72), Берово (56), Гевгелија (64), Кочани (76), Крива Паланка (61) и Струмица (81). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Според Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Починати се 2 лица од Дебар и едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Шкода“ го прекинува производството во Чешка поради недостиг од чипови

Следно

Таа „златна“ генерација: Пет години од историскиот успех на У21 со селекторот Милевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian