Нека биде фудбалски празник: Подгответе се за спектакл, Македонија игра со Германија

2 mins read

Денеска на Денот на народното востание (11 октомври) најдобрата македонска А репрезентација ќе го игра својот осми натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство, противник е најголемиот фаворит во групата „Ј“, селекцијата на Германија.

Дуелот ќе стартува од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, а главен судија ќе биде Холанѓанецот Дани Макели.

Како што е најавено се очекува околу 17.000 илјади гледачи да присуствуваат на трибините и ја дадат поддршката за играчите на селекторот Благоја Милевски. Подгответе ги шаловите, дресовите, реквизити, на секаков начин, и покрај облачното дождливо време, да се загрее атмосферата на најдобар можен начин, затоа што фудбалерите заслужуваат да бидат бодрени.

Милевски: Против Германија пред сè тактички мора да бидеме на врвно ниво

Свесни дека задачата е тешка против една од најсилните репрезентации во светот, но веруваат во себе и своите квалитети и ќе се обидат со една тактичка дисциплина во играта да дојдат до нов голема резултат.

И натаму сме во трка за Мундијалот, после седум кола Германија е на врвот со 18 бодови и токму вечерашниот меч ривалите го гледаат како шанса со нови бодови да го потврдат своето учество на СП 2022 Катар.

Македонија е на втората позиција со 12 бодови, колку што има и Ерменија, Романија е на четвртата позиција со 10, и најверојатно овие две селекции ќе ни бидат најголеми конкуренти за тоа второ место кое води во разигрувањето за СП. Исланд исто така се наоѓа во таа трка, додека Лихтенштајн ги загуби сите шанси.

Милевски: Против Германија пред сè тактички мора да бидеме на врвно ниво

Квалификации за СП 2022
Група „Ј“

8. коло, двојки –
Денеска

20.45 часот Исланд – Лихтенштајн
20.45 часот Македонија – Германија
20.45 часот Романија – Ерменија

Табела:

1. Германија 18 бодови
2. Македонија 12
3. Ерменија 12
4. Романија 10
5. Исланд 5
6. Лихтенштајн 1

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џафери: Лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат

Следно

На Кипар целосно вакцинирано 78,9 отсто од полнолетното население

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian