Мрежите мируваат, Германците многу опасни, Македонија сигурна во одбраната

1 min read

После првото полувреме на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје нема голови (0:0) на натпреварот од квалификациите за СП 2022 помеѓу Македонија и Германија.

Како што и се очекуваше, Германците во најголем дел од играта ја контролираше топката, опасно кружеше околу голот на Димитриевски кој разлика од мечот во Вадуц со Лихтенштајн сега има доста работа.

Ние тешко доаѓаме до посериозна шанса, се обидуваме од контра, убава шанса имавме преку Елмас чиј удар сигурно го одбрани Нојер.

Од 29 минута останавме без еден од важните играчи, Адеми кој поради повреда мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Спировски.

Најблиску до погодок Германците беа непосредно пред паузата кога Вернер ја погоди стативата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талибанците по воената тргнаа во дипломатска офанзива: Го освоија Авганистан, дали ќе го „освојат“ и Западот

Следно

ФОТО | Ова се славните антиваксери кои своето влијание го користат на погрешен начин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian