Мицковски: Народот е сѐ посиромашен, живее со 150 денари на ден

2 mins read

На овие избори се одлучува за иднината. За ова треба масовна излезност. Ако има масовна излезност, власта е немоќна и не може да купи толку гласови, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на предизборниот митинг во Кривогаштани.

Најави дека ќе има одговорност за сите оние кои направиле криминал и вети повеќе од 200 милиони евра годишно за земјоделците. Посочи дека народот е се посиромашен и дека половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден.

– Зошто оваа Влада не најде можност да го реализира ветеното за тутунопроизводителите и денес пак лаже. Ова се случува сега, а по 17 октомври следи нова политичка реалност и влада на ВМРО-ДПМНЕ како треба да се работи. За земјоделците се обврзуваме дека повеќе од 200 милиони евра годишно идната влада ќе ги насочи кон земјоделците, рече Мицкоски.

Кандидатот за градоначалник Александар Богданоски вети изградба и обнова на инфраструктурата во сите населени места, квалитетно водоснабдување и повеќе паркови и зеленило.

– Обичниот народ е премногу незадоволен од актуелната ситуација во која се наоѓа, народот не живее добро, а се поголем број семејства живеат во потешка состојба. Земјоделците се мачат да врзат крај со крај, а вработените стравуваат за своите работни места. Младите што останаа бараат излез надвор од државата, а власта ја користи маката на народот да ги уценува пред избори, рече Богданоски. 

Најави рехабилитација на водоводната мрежа Славеј-Кривогаштани, решавање на проблемите со сметот и централизирано управување на отпад со изградба на централна депонија по сите законски прописи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дерматовенеролог Весна Бришкоска-Бошковски:  Хронична венска болест е повеќе од естетски проблем

Следно

Ристевски, Димитриевски и Алиоски по 50 пат во дресот на македонската А репрезентација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian