Летонија поради ковид прогласи тримесечна вонредна состојба

1 min read

Летонија денес прогласи три месеци вонредна состојба поради рекордниот раст на бројот на новозарезени со коронавирус, а истовремено оваа балтичка земја има една од најниските стапки на вакцинација против ковид во Европа.

Дневниот број новозаразени во оваа земја од 1,9 милиони жители надмина илјада. Според новите правила, заштитните маски стануваат задолжителни во сите јавни установи, а сите вработени во државната администрација мораат да се вакцинираат до 15 ноември.

На невакцинираните нема да им се дозволи да влегуваат во маркетите, а за време на викендите ќе смеат да работат само продавници со клучни производи. Сите Летонци се поттикнуваат да работат од дома кога е тоа можно.

-Ве молиме да не се собирате, да не се посетувате и да ги намалите своите контакти, пишува летонскиот премиер Крисјанис Каринш на Твитер. Летонските болници веќе се под силен притисок на бројните пациенти, објавува агенцијата Франс прес.

Некои пациенти чиишто дијагнози не го загрозуваат животот се враќаат назад од болниците. Тимовите за брза помош не успеваат да одговорат на сите повици, објавува Франс прес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славчо Попоски најавува: Еве кога ќе ни падне снег, а кога ќе престане да врне!

Следно

Заев: Ќе ги поддржиме сите проекти што носат развој на „Ѓорче Петров”, на 17-ти да гласаме за Најдоброто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian